Путин за првпат ги посети ранетите руски војници: „Вашите деца ќе бидат горди“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска првпат ги посети руските војници ранети во Украина, три месеци по почетокот на офанзивата на соседната земја. На снимката на руската телевизија се гледа како Путин во бела кошула разговара со неколку војници и ги прашува од каде се и каква е нивната семејна состојба. Војниците стоеја покрај своите кревети без да им се гледаат раните.

Фото: ЕПА

Обраќајќи му се на војник во пижами со сино-бели пруги, претседателот му кажа дека неговиот деветмесечен син „ќе биде горд на својот татко“. Со него бил и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Русија многу ретко ги открива човечките загуби во Украина. Последните податоци објавени на 25 март покажуваат дека руската војска признала 1.351 загинат и 3.825 ранети војници.

Портпаролот на претседателот претходно изјави дека посетата не значи „нова фаза“, додека офанзивата во Украина влегува во четвртиот месец. „Едноставно, временскиот распоред му дозволи лично да отиде таму“, изјави Дмитриј Песков.

Русија тврди дека со офанзивата во Украина, која ја започна на 24 февруари, сака да ги заштити од геноцид жителите кои зборуваат руски и да ја „исчисти земјата од нацистите“. Властите исто така истакнуваат дека офанзивата се одвива според планот, иако Москва кон крајот на март, по жестокиот украински отпор, се откажа од нападот на Киев и ја фокусираше операцијата на истокот на земјата.

И покрај жестоките борби во последните три месеци, руската војска бавно напредува, сигнализирајќи долга и исцрпувачка војна.

Рускиот министер за одбрана и секретарот на моќниот руски Совет за безбедност во вторникот изјавија дека Русија ќе мора да остане уште долго во Украина за да ги постигне целите на својата интервенција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе