Во 2018 година Путин го отвори патниот и железнички мост долг 19 километри. Мостот беше гранатиран на 8 октомври, за што Русија ја обвинува Украина. Придружуван од вицепремиерот Марат Кушнулин, Путин беше прикажан на државната телевизија зад воланот на мерцедес, додека поставува прашања за тоа каде се случил нападот.
„Се возиме на десната страна“, вели Путин минувајќи го мостот.
„Левата страна на мостот, колку што разбрав, е отворена за сообраќај, но сепак треба да се доврши. Сè уште е малку оштетена, треба да ја доведеме во идеална состојба“, изјави рускиот претседател.
Путин и пропешачи по делови од мостот, најголемиот во Европа, за да ги прегледа сè уште изгорените делови.
Украина не ја презеде одговорноста за бомбардирањето на мостот во раните утрински часови на 8 октомври, ден по 70-тиот роденден на Путин.
Руската Федерална служба за безбедност тврди дека нападот бил организиран од украинското воено разузнавање.