Путин: Вежбите на НАТО во Медитеранот се опасен предизвик

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вежбите на НАТО во близина на границите на Русија се опасен предизвик бидејќи блокот користи стратегиски воздухопловни сили.

Фото: ЕПА

„Нашето Министерство за одбрана предложи да одржи непланирани вежби во истата област, но верувам дека тоа не е пригодно и дека нема потреба ситуацијата во таа област дополнително да ескалира“, рече рускиот претседател.

НАТО ги засили активностите низ Медитеранот. Неколку авиони се приближија до границите на Русија, а бродови вршат маневри во Црно Море.

Путин ги отфрли обвинувањата дека Русија планира инвазија на Украина, додавајќи дека тоа е чисто вознемирување.

Москва постојано ги осудува активностите на Алијансата во Црно Море како провокација за поттикнување тензии и како одраз на руската политика за ограничување на нејзиното влијание.

Путин негираше каква било одговорност за тековната мигрантска криза на границата меѓу Белорусија и Полска, каде што со денови се наоѓаат неколку илјади мигранти.

„Сакам сите да го знаат тоа. Ние немаме ништо со тоа“, рече Путин во интервју за каналот Вести, откако неколку западни функционери го обвинија дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија.

Западните земји го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го оркестрирал постојаното доаѓање мигранти на границата со Полска, членка на Европската Унија, како одговор на санкциите на ЕУ воведени кон Белорусија поради репресија на опозициските демонстранти.

Засега Лукашенко може да смета на поддршката од својот главен сојузник, рускиот претседател, додека САД во петокот вечерта изразија голема загриженост поради ситуацијата на границата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе