Во телефонски разговор

Путин со Шолц: Киев се обидува да ги одложи преговорите

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и рекол дека Киев се обидува да ги одложи мировните преговори, но Москва сепак сака тие да продолжат.

Фото: ЕПА

„Забележано е дека режимот во Киев на секој можен начин се обидува да го одложи преговарачкиот процес, изнесувајќи сè понереални предлози“, соопшти Кремљ.

Сепак, како што се додава, руската страна е подготвена да продолжи да бара решение во согласност со нејзините „добро познати принципиелни пристапи“, пренесува Ројтерс.

Од друга страна, Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската влада.

Во речиси едночасовниот разговор, Шолц ја истакнал потребата од подобрување на хуманитарната ситуација и што поскоро напредок во наоѓањето дипломатско решение.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе