Путин се закани: Кој ќе се вмеша во Украина ќе добие брз одговор

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека сите земји кои ќе се обидат да се вмешаат во Украина ќе бидат соочени со брз одговор на Русија.

EPA-EFE

Тој истакна и дека сите одлуки за тоа како Москва ќе реагира во таа ситуација веќе се донесени.

Обраќајќи им од Санкт Петербург, Путин кажа дека Западот сака да ја распарчи Русија на повеќе делови и го обвини дека ја турка Украина во конфликт со Русија, пренесува Гардијан.

Ројтерс пренесува дека Путин кажа дека руската рубља, банкарскиот систем, транспортниот сектор и економијата во целина ги издржале санкциите воведени на Москва и вети одговор на обидите за изолација на Русија.

Рускиот лидер увери дека сите задачи на „специјалната воена операција“ во Украина ќе бидат безусловно исполнети за на народите на Русија и на Донбас да им се гарантираат мир и безбедност во историска перспектива.

Според него, руските војници и офицери ја спречиле „реалната опасност која веќе се надви над нашата татковина“ и спречиле конфликт од поголеми размери кој „би се одвивал на наша територија, но по туѓи сценарија“.

Путин истакна дека „непријателските земји“ ги форсирале русофобијата и неонацистите и доследно ја претворале соседната држава во анти-Русија, пренесуваат руските агенции.

„Реакцијата на Москва на овие акции се покажа како исправна и навремена, што го потврдува текот на неодамнешните настани, вклучувајќи ги тврдењата на Киев дека поседува нуклеарно оружје, со откривањето на западните биолошки лаборатории во Украина и снабдувањето со оружје“, додаде Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе