Путин разговараше со Лукашенко среде протестите во Минск

Претседателот на Беларусија Александар Лукашенко разговараше денес со рускиот колега Владимир Путин за време на протестите во Минск против реизборот на Лукашенко, јави државната агенцијата Белта.

„Двајцата претседатели разговараа за ситуацијата во Белорусија и надвор од неа“, објави белоруската новинска агенција Белта на својот канал на Телеграм, веднаш откако претседателот Лукашенко побара да разговара со Путин за „заканата“ на која е изложена неговата земја, но и „целиот наш регион“.

Белорусија од 9 август е местото на невиден бран протести против реизборот на Александар Лукашенко, кој е на власт веќе 26 години. Протестите против неговата победа - официјално со 80% од гласовите – насилно се задушени од интервентните сили при што две лица загинаа. Според Министерството за здравство, во петокот 150 лица биле хоспитализирани поради повреди за време на протестите.

Многу западни држави го осудија насилството и ја осудија измамата, полската влада особено повика на организирање нови избори. Белоруските власти сепак добија поддршка од Москва, која ги осуди обидите за „мешање од странство“ со цел да се дестабилизира земјата.

Повеќе илјадници демонстранти повторно оваа сабота се собраа во Минск, главниот град на Белорусија. Особено да му оддадат почит на демонстрантот кој минатиот понеделник загина за време на демонстрациите, јави АФП.

„Не на насилство!“, „Да живее Белорусија!“ извикуваа демонстрантите.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе