Восток 2022

Путин присуствуваше на големата воена вежба на Русија, Кина, Индија и Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска присуствуваше на големата воена вежба на која заедно со Русија учествуваат Кина и уште неколку земји пријателски на Русија, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Фото: скриншот

АФП пренесува дека Путин на воените вежби бил во друштво на својот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов на воениот полигон Сергеевски.

Воените вежби наречени Восток 2022 започнаа на 1 септември и се одржуваат до утре на неколку полигони на далечниот исток на Русија и во водите крај источниот брег. Според Москва, во вежбите учествувале повеќе од 50.000 војници и повеќе од 5.000 парчиња воена опрема, вклучувајќи 140 авиони и 60 бродови.

Во вежбите учествуваат неколку руски соседи и Сирија, Индија и клучниот сојузник Кина. Слични вежби последен пат беа одржани во 2018 година.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе