Путин предложи создавање на најголемиот гасен јазол за Европа во Турција

Русија е спремна да ја снабдува Европа со гас и да го поправи Северен тек кој е оштетен поради саботажа, изјави рускиот претседател Владимир Путин зборувајќи на форумот Руска енергетска недела, пренесуваат руските агенции.

EPA-EFE

Путин предложи создавање на најголемиот гасен јазол за Европа во Турција и напомена дека изгубениот обем би можел да се премести таму. Тој исто така истакна дека Русија нема да им испорачува енергенси на земјите кои за нив поставуваат горна граница на цената.

Рускиот претседател напомена дека енергетскиот сектор се соочува со акутна криза која се поврзува со нестабилната динамика на цените на енергенсите, неврамнотежената понуда и побарувачка и „субверзивното дејствување на поединечни учесници на пазарот кои се раководат исклучиво од сопствените геополитички амбиции, прибегнуваат кон отворена дискриминација на пазарот, а ако тоа не функционира, едноставно ја уништуваат инфраструктурата на конкурентите“.

„Нема сомнеж дека саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 е акт на меѓународен тероризам, чија цел е поткопување на безбедноста на целиот континент. Логиката е цинична – да се уништи и блокира изворот на евтина енергија, да се лишат милиони луѓе, индустриските потрошувачи на гас, од топлина, струја и други ресурси и да се натераат сето тоа да го купуваат по многу повисоки цени“, кажа тој и продолжи:

Тој предложи изгубениот обем на транзитот на гас да се пренесе во Црното Море и така да се создаде најголемиот јазол во Турција за снабдување на Европа, ако постои интерес на партнерите.

Путин кажа дека и покрај притисокот од санкциите и саботажата на инфраструктурата, Русија ќе продолжи „да обезбедува енергетска безбедност, да развива врски со оние земји кои се за тоа заинтересирани“.

„Планираме да ја прошириме географијата на нашите испораки. Во блиска иднина ќе ги идентификуваме клучните инфраструктурни објекти за тоа, ќе ја почнеме нивната изградба, вклучувајќи ги ветувачките проекти како Силата на Сибир 2 и неговиот монголски дел Сојуз Восток“, кажа рускиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе