Со патувањето во Техеран

Путин праќа јасна порака до Западот дека Русија ќе гради врски со американскиот непријател Иран

Рускиот претседател Владимир Путин утре во Техеран ќе се сретне со иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, што е прво патување на шефот на Кремљ надвор од земјите на поранешниот Советски Сојуз (СССР) од почетокот на инвазијата на Украина.

Фото: ЕПА

Путин ги окарактеризира обидите на Западот да ја уништи руската економија со најсилните санкции во модерната историја како објавување економска војна и рече дека Русија се врти кон Кина, Индија и Иран, вели Ројтерс.

Само три дена откако претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден ја заврши посетата на Саудиска Арабија, рускиот лидер пристигнува во Техеран за да ја одржи својата прва средба со Хаменеи, врховниот лидер што дојде на власт во 1989 година.

„Контактот со Хаменеи е многу важен“, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Путин.

„Воспоставен е искрен разговор меѓу нив за голем број важни теми од билатералната и меѓународната агенда.“

„За повеќето теми, нашите позиции се блиски или идентични“, рече тој.

Путиновата посета на Иран ќе се совпадне со посетата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, а двајцата лидери ќе се сретнат во Техеран за да разговараат за договорот за повторен извоз на жито од Црно Море, како и за заканата на Ердоган дека ќе почне нова операција во северна Сирија, на што Москва силно се противи.

Путин (69) последниве години ретко патуваше во странство, прво поради пандемијата, а потоа поради кризата предизвикана од инвазијата на Украина. Неговата последна посета во странство надвор од поранешните советски републики беше во февруари во Кина.

Со заминувањето во Исламската Република како дел од неговата прва странска посета од почетокот на војната во Украина, Путин испраќа јасна порака до Западот дека Русија сака да гради односи со Иран, американски непријател од револуцијата во 1979 година.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, пред патувањето изјави дека Русија и Иран долго време се цел на западните санкции, што, според неговите зборови, е цената на суверенитетот.

За Техеран, воспоставувањето врски со Путиновата Русија е начин да се балансира влијанието на САД и нивните сојузи низ Заливот со арапските владетели и Израел.

Путин ќе се сретне и со иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој беше избран минатата година.

„Потребен ни е силен сојузник, а Москва е суперсила“, рече висок ирански функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Зајакнат од високите цени на нафтата, Техеран се надева дека со поддршка од Русија ќе изврши притисок врз Вашингтон да понуди отстапки за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Сепак, свртувањето на Русија кон Пекинг значително го намали извозот на иранска сурова нафта во Кина - клучен извор на приходи за Техеран откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно ги воведе санкциите кон земјата во 2018 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе