Путин потпиша нов закон – на оние кои ќе одбијат мобилизација им се закануваат 10 години затвор

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша измени на законот кои предвидуваат до десет години затвор за резервистите кои ќе избегнат мобилизација, ќе дезертираат, ќе се предадат или ќе одбијат да се борат.

EPA-EFE

Тие измени на кривичниот закон предвидуваат казни до десет години затвор за војниците кои ќе дезертираат, нема да се одзват на мобилизација, неовластено ќе му се предадат на непријателот или ќе одбијат да се борат. Грабежот пак се казнува со казна до 15 години затвор.

Законските измени следат откако Русија неделава прогласи делумна мобилизација на резервистите за специјалната воена операција во Украина, каде руските сили во последните недели беа приморани да се повлечат од неколку места.

Додека Москва се труди да регрутира резервисти за боиштата во Украина, рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша закон кој го олеснува добивањето руско државјанство за странците кои се пријавуваат во војска.

Според тој закон, странците кои ќе се придружат на војската на период од најмалку една година ќе можат да поднесат барање за државјанство а притоа не мораат да имаат пет години престој на руска територија, што инаку е потребно. Оваа мерка е главно насочена на мигрантите од поранешните советски републики од централна Азија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе