И покрај руската инвазија на Украина, и Москва и Вашингтон ја истакнаа важноста од продолжувањето на комуникацијата за прашањето за нуклеарното оружје. Двете земји се убедливо најголемите светски нуклеарни сили со вкупно околу 11.000 нуклеарни боеви глави.
Во обраќањето на правниот форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека за дијалогот ќе биде потребна „напорна заедничка работа“ и ќе има за цел да спречи повторување на „она што се случува денес во Донбас“.
Тој повтори дека Русија ја започнала инвазијата на Украина за „да ги заштити етничките Руси и луѓето што зборуваат руски во источниот регион на Донбас од прогон од Киев“ и ја обвини Украина за „злосторства против човештвото“.
Украина и Западот велат дека руската инвазија на соседот бил неиспровоциран акт на агресија, со цел окупација на украинската територија и соборување на претседателот Володимир Зеленски.