Руските сили „мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови“, рекол Путин за време на разговорот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу преку видеолинк.
„Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се одвива како што се случи во Луганск“, рече тој.
Овие изјави доаѓаат еден ден откако украинската армија се повлече од стратегиски важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и на проруските сепаратисти целосна контрола над Луганск.
Заедно, Луганск и соседен Доњецк го сочинуваат регионот Донбас, богат со руда, кој е целта на Москва.
Шојгу рекол дека руските сили се во процес на „деминирање на Лисичанск“.
Освојувањето на Лисичанск, кој заедно со соседниот град Северодоњецк формираше стратегиски важна оска, им овозможува на руските сили да се пробијат на запад, кон градовите Славјанск и Краматорск, двата најголеми града во Донбас што сè уште се под контрола на Киев.
Прорускиот сепаратистички функционер Виталиј Киселев во понеделникот изјави дека руските сили напредуваат од два правци кон Сиверск, место на патот кон Краматорск и Славјанск.