Наводен план за инвазијата

Путин планирал да ја заземе Украина за 10 дена и да ги убие нејзините лидери, откриваат нови документи

Протечените планови покажуваат дека Русија имала цел да ја анектира земјата до август годинава, пренесува британски Телеграф.

Фото: ЕПА

Плановите ги откри британскиот аналитички центар Кралски институт за одбранбени и безбедносни студии (РУСИ). Според центарот, кој е поврзан со британската војска, само мала група руски функционери знаеле за целосниот обем на плановите. Се вели дека дури ни замениците на шефовите на разграноците во руската војска не знаеле за планот за инвазија и окупација на Украина сѐ до неколку дена пред почетокот на инвазијата, а тактичките воени единици ги немале добиено наредбите сѐ до неколку часа пред нападите, пренесува Скај њуз.

Документите откриваат и дека Русија планирала да ги заземе украинските електрани, аеродроми, резервите вода, централната банка и парламентот и дека руските специјални служби имале задача да го убијат украинското раководство. Се чини дека тие претпоставувале дека претставниците на украинската влада „или ќе побегнат или ќе бидат заробени поради брзината на инвазијата“, вели РУСИ.

Украинската разузнавачка заедница исто така верува дека Русија планирала да ги искористи белоруските воздушни единици за да ги заземе нуклеарните централи Ривне и Хмјелницки.

Планот за инвазијата наводно ги содржи деталите за запленувањето на нуклеарните централи на Украина за да се заштитат руските трупи, да се преземе контролата врз енергетскиот систем на земјата и потенцијално да се уценуваат европските земји со ризик од радијациско загадување.

Русија планирала да ја почне инвазијата со „масивни ракетни лансирања и воздушни напади“ против украински воени цели, според РУСИ.

Се додава дека Москва не планирала да ја гаѓа клучната инфраструктура, како што се електраните и железниците, бидејќи тие се клучни за нејзините планови да ја окупира земјата.

Рускиот контраразузнавачки режим составил списоци на некои Украинци, вели РУСИ.

Тие биле поделени во четири категории:

- оние што треба да се убијат

- оние што треба да се замолчат и заплашат

- оние што се сметаат за неутрални и треба да се охрабрат да соработуваат

- оние што се подготвени за соработка.

Руските власти планирале да го регистрираат населението одејќи од врата до врата и забележувајќи дали некој треба да биде елиминиран или ќе сака да соработува, вели центарот, како и да се основаат филтрациски кампови.

Русија, исто така, наводно планирала присилна соработка на регионалните гувернери и локалните власти, а ФСБ имал задача да ги фати локалните функционери. Со текот на времето, се планирало да се донесат наставници и други службеници од Русија за да почнат со „превоспитување на Украинците“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе