Путин нуди гас преку Северен тек 2: „ЕУ е на потег“

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ понуди на Европа да продолжи да испорачува гас преку недопрениот дел од гасоводот Северен тек 2. „Европската Унија е на потег. Ако сака, можеме да ги отвориме изворите и тоа е тоа“, рече Путин на енергетскиот форум во Москва. Германија, меѓутоа, соопшти дека нема да го зема рускиот гас преку споменатиот гасовод, кој е во центарот на украинската криза.

Фото: ЕПА

Портпаролката на германската влада Кристијане Хофман изјави дека ќе ја исклучат употребата на Северен тек 2. „Без оглед на можната саботажа на двата гасоводи, видовме дека Русија повеќе не е доверлив снабдувач со енергија и дека дури и пред да биде оштетен Северен тек 1, веќе не доаѓаше гас“, рече Хофман.

Огромни количества гас беа испуштени во Балтичко Море откако на 26 септември пукнаа двата приклучоци на гасоводот Северен тек 1 и еден од двата приклучоци на гасоводот Северен тек 2. Во почетокот на септември Русија веќе ја прекина испораката на гас преку гасоводот Северен тек 1, поради технички проблеми. Северен тек 2 никогаш не профункционира бидејќи Германија го прекина одобрувањето по руската инвазија на Украина.

Путин рече дека е можно да се поправат гасоводите, но дека Русија и Европа треба да одлучат за нивната судбина. Руската инвазија ги поттикна европските купувачи да почнат да се одвикнуваат од руската нафта и гас и да бараат алтернативни добавувачи.

Говорејќи на истиот форум како и Путин, шефот на руската енергетска компанија Газпром, Алексеј Милер, рече дека поправката на оштетените гасоводи Северен тек ќе трае најмалку една година. Тој додаде дека „нема гаранција“ дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас.

Германските капацитети за складирање гас се полни речиси 95 отсто, а властите велат дека земјата е во добра позиција да ја преброди зимата, иако ќе треба да штеди гас. Пред средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин предложи создавање енергетски центар во Турција.

„Ние би можеле да ги преместиме загубените количества од Северните текови по дното на Балтичко Море до регионот на Црно Море и на тој начин да ги направиме главните патишта за снабдување со нашето гориво, нашиот природен гас во Европа преку Турција, создавајќи го најголемиот гасен центар за Европа во Турција“, рече тој.

Русија е втор најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија и најголем извозник на природен гас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе