ЗАМЕНА ЗА ЈУЖЕН ТЕК

Путин: Новиот гасовод до ЕУ би одел преку Македонија

Ако сака ЕУ, ние ќе работиме, а преку Грција ние може да досегнеме и до Македонија, потоа до Србија, а потоа да одиме повторно до Баумгартнер во Австрија. Ако не се заинтересирани, ние нема да го правиме тоа, рече Путин.

Организирањето на новата европска гасоводна мрежа, на границата меѓу Турција и Грција, зависи од европските колеги, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција, пренесе новинската агенција Тасс.

„Тоа во голема мера зависи од европските колеги. Дали тие сакаат да имаат стабилно, апсолутно загарантирано снабдување со енергија од Русија, без никаков ризик, кое им е потребно. Добро, ако сакаат, ние ќе работиме, а преку Грција ние може да досегнеме и до Македонија, потоа до Србија, а потоа да одиме повторно до Баумгартнер во Австрија. Ако тие не се заинтересирани, ние нема да го правиме тоа“, рече тој.

„Во моментов, а ни во блиска иднина, нема да има резерви поевтини и посигурни од оние од Русија“, рече тој.

Новата гасна дистрибуциска мрежа би била изградена на турска територија на границата со Грција. Таа би го заменила проектот Јужен тек, кој беше прекинат поради противењето на ЕУ. Во рамките на новиот проект, Турција може да стане главен посредник за снабдување на рускиот природен гас. Со изградбата ќе се избегне ризикот поврзан со транзитот на рускиот гас преку Украина, изјави генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе