Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втора руска вакцина против коронавирусот ќе биде регистрирана во најскоро време.

EPA-EFE

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирана и втора вакцина против коронавирусот“, кажа Путин обраќајќи им се на сенаторите на Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додаде дека властите во Русија ги земаат предвид можните ризици во борбата против коронавирусот.

Според рускиот претседател, рускиот здравствен систем е спремен ефикасно да им се спротивстави на инфекцијата со коронавирусот и на сезонскиот бран на настинката.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјави дека втората руска вакцина против ковид-19 ќе ја произведува компанијата Биокад.

Русија во август ја регистрираше првата светска вакцина против коронавирусот, која ја разви центарот Гамалеј заедно со рускиот Фонд за директни инвестиции, но без последната фаза на масовно тестирање.

Сега се спроведува крајната фаза на тестирањето на вакцината, во која учествуваат голем број доброволци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе