Путин нареди најголемата европска нуклеарна централа Запорожје да се стави под руска контрола

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди украинската нуклеарна централа Запорожје да се стави под контрола на Русија.

EPA-EFE

Запорошката нуклеарна централа се наоѓа на левиот брег на Дњепар, во близина на градот Енергодар. Тоа е најголемата нуклеарна централа во Европа според бројот на блокови и капацитетот.

Во указот до руската влада се наведува:

а) да обезбеди усвојување на федералната сопственост над објектите за користење на атомска енергија на Запорошката нуклеарна централа и другиот имот неопходен за спроведување на нејзината дејност;

б) да преземе мерки со цел создавање сојузно државно унитарно претпријатие „Запорошка нуклеарна централа“ со цел обезбедување на безбедноста на објектот и употреба на атомската енергија на нуклеарната централа Запорожје.

Централа од март е под контрола на руските сили, но со украински персонал.

Путин потпиша и указ за објавување на текстот на уставот на Русија со измените по присоединувањето на Луганската и Доњецката Народна Република и областите Херсон и Запорожје кон Русија.

Документот денес беше објавен на официјалниот интернет сајт за правни информации.

Указите стапуваат на сила со потпишувањето, односно денес.

Рускиот претседател на 30 септември им се обрати на граѓаните по референдумот во Доњецк, Луганск- Херсон и Запорожје, по што со лидерите на тие области потпиша договори за прием на регионите во составот на Руската Федерација. Путин вчера ги потпиша законите за ратификација на приемот на овие региони во составот на Русија, како и сојузните уставни закони за влез на регионите во составот на Руската Федерација.

Министерството за надворешни работи на Русија ја истакна оправданоста на преземањето на контролата над централата од страна на руската војска во смисла на спречување на истекува нуклеарни и радиоактивни материјали.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе