Путин: Нападите врз Украина се одмазда за Кримскиот мост, ако продолжат со тоа, одговорот ќе биде суров

„Во случај на натамошни обиди за терористички напади на наша територија, одговорот ќе биде суров“, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ја обвини Украина за нападот на Кримскиот мост во Керчкиот теснец, опишувајќи го како „терористички напад чија цел е уништување на важната цивилна инфраструктура на Русија“.

Путин рече дека Украина извршила „терористички акти“ против Русија и вети „суров одговор“ од Москва.

Путин во телевизиското обраќање рече дека Москва извршила ракетни напади со долг дострел врз енергетската, воената и комуникациската инфраструктура на Украина како одмазда за нападот на мостот што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим во текот на викендот.

Говорејќи на состанокот на Советот за безбедност утринава, Путин рекол:

„Доколку продолжат актите на тероризам против Русија, ние ќе одговориме на многу суров начин. Одговорот ќе биде со ист размер како и заканите кон Русија. Никој не треба да се сомнева во ова.“

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе