Путин на Црвениот плоштад: Победата ќе биде наша (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на насобраните граѓани на Црвениот плоштад по потпишувањето на анексијата која го формализираше руското припојување на четирите украински региони. „Денес е историски ден, ден на вистината и правдата“, кажа Путин.

EPA-EFE

Рускиот претседател кажа дека неговата земја „го отвора срцето“ за Украинците и им посакува добредојде дома – повторувајќи го своето уверување дека Украина е дел од Русија. „Победата ќе биде наша“, порача тој.

Меѓу присутните во центарот на Москва можеа да се видат голем број руски знамиња и ленти на Свети Ѓорѓи со црни и портокалови пруги, некогашната царска воена ознака која потоа стана симбол на победата на Црвената армија над нацистичка Германија.

Неколку големи екрани и моќен разглас беа поставени за присутните да можат да го следат говорот на претседателот и настапот на познати руски музичари. „Сега сме посилни бидејќи сме обединети“, кажа Путин.

„Ќе направиме сè за да им помогнеме на нашите браќа и сестри во Запорожје, Херсон, Луганск и Доњецк, за да ја зајакнеме нивната безбедност, да ја придвижиме економијата и обновата“, кажа тој, неколку часа откако на свеченоста во Кремљ ја потпиша одлуката за припојување на четирите украински региони.

Лидерите на западните земји денес ја осудија руската анексија на четирите украински региони. Украина официјално побара прием во НАТО, а украинскиот претседател кажа дека Киев е спремен да разговара со Русија, но не додека Путин ѝ е претседател.

Киев денес порача дека украинската војска ќе продолжи да ја ослободува својата територија окупирана од Русија и дека ништо не се менува со припојувањето на четирите региони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе