Путин му прати лично писмо на Бајден, му посака среќна Нова година и поблиска соработка меѓу Москва и Вашингтон

Рускиот претседател Владимир Путин му пишал писмо на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за да му посака среќна Нова година и изразил уверување дека наскоро ќе работат заедно на градење подобри односи „во духот на еднаквоста“.

Фото: ЕПА

Честитките на Путин се дел од низата лични писма што ги испратил и до другите водечки светски шефови на држави и политичари, меѓу кои се кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш и кралицата на Велика Британија Елизабета Втора.

Според Кремљ, во својата порака до Бајден Путин истакнал дека „пандемијата на коронавирусот и другите предизвици со кои светот се соочи во изминатата година ја потврдија потребата за широка меѓународна соработка“. Путин исто така рекол дека Русија и САД можат да сторат многу повеќе за зајакнување на стабилноста и безбедноста „на регионално и глобално ниво“.

Рускиот лидер, исто така, му посакал на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп „добро здравје, добро расположение и просперитет“, како и „среќа и просперитет на сите граѓани на САД“.

Поранешниот потпретседател Бајден ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари и ќе влезе на местото на Трамп во Белата куќа. За време на четиригодишниот Трампов мандат односите Вашингтон-Москва значително се влошија, а Кремљ сака да ја подобри соработката меѓу двата главни града.

Откако ја презеде функцијата во 2017 година, Трамп ги повлече САД од меѓународните договори како што се Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) и Договорот за отворено небо. На 5 февруари, две недели откако Бајден треба да ја преземе функцијата, ќе истече договорот за намалување на нуклеарното оружје Нов СТАРТ. Новоизбраниот претседател на САД изрази поддршка за договорот, откако го нападна Трамп дека се повлекол од него, но Кремљ и Белата куќа ќе треба брзо да се зафатат со работа за продолжувањето да биде потпишано навреме.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе