Путин му одговори на Џонсон: Маргарет Тачер ја нападна Аргентина со империјални амбиции (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин реагираше на тврдењата на британскиот премиер Борис Џонсон кој изјави дека Путин немаше да изврши инвазија на Украина ако беше жена.

EPA-EFE

Џонсон одлуката на Путин да ја почне „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина, ја нарече „совршен пример за токсична машкост“.

Одговарајќи на тврдењето, Путин укажа на одлуката на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер да испрати трупи на Фокландските Острови.

„Само сакам да се потсетиме на настаните од поновата историја, кога Маргарет Тачер одлучи да почне воена операција против Аргентина за Фокландските Острови. Значи, една жена донесе одлука да почне воена акција. Затоа не е сосема точна референцата на британскиот премиер на она што се случува денес“, кажа рускиот претседател.

Тој ги критикуваше Британија и нејзините лидери истакнувајќи ги нивните „империјални амбиции“.

„Каде се Фокландските Острови, а каде е Британија. Акциите на Тачер беа диктирани од империјални амбиции“, кажа рускиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе