Во врска со Украина

Путин: Москва ќе дејствува ако НАТО ги премине црвените линии

Русија ќе биде принудена да реагира ако НАТО ги премине нејзините „црвени линии“ во врска со Украина, порача денес рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Тој истакна дека Москва би гледала на евентуално разместување на одредени дефанзивни ракетни капацитети на тлото на Украина како „детонатор“, пренесуваат агенциите.

Путин кажа дека се надева дека разумот ќе преовладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија за својата безбедност, а околу Украина.

„Ако на територијата на Украина се појават некои ударни системи, времето на лет од Москва ќе биде седум до десет минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, порача Путин.

Тој наведе дека, во случај на такво сценарио, Русија ќе мора да направи „нешто слично во однос на оние кои на тој начин ѝ се закануваат“.

„А тоа можеме и сега“, порача Путин.

Според него, Русија успешно тестирала хиперсонична ракета која ќе биде во употреба на почетокот на новата година и која има време на лет пет минути и брзина девет пати поголема од брзината на звукот.

„Создавање такви закани во Украина претставува црвена линија за нас. Се надевам дека до тоа нема да дојде и дека ќе надвладее чувството за здрав разум и одговорност, како кај нашите две земји така и кај светската заедница“, кажа Путин.

Тој истакна дека Русија е оправдано загрижена поради, како што кажа, тоа што во близина на нејзините граници се изведуваат воени вежби од големи размери.

„Вклучувајќи ги и оние непланираните, како што неодамна беше случај во Црното Море, кога стратегиски бомбардери летаа 20 километри од руската граница“, кажа Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе