„Цврсти, сигурни и долгорочни гаранции за сопствената безбедност“

Путин: Ќе бараме гаранции од Западот дека нема да има понатамошно ширење на НАТО на исток

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денес дека Москва ќе бара гаранции од Западот дека нема да има понатамошно ширење на НАТО на исток ниту разместување на оружје на воениот пакт во близина на руските граници.

EPA-EFE

Путин во Кремљ, при примањето на акредитациите на странските амбасадори, кажа дека Русија ќе бара „цврсти, сигурни и долгорочни гаранции за сопствената безбедност“.

„Во дијалогот со САД и нивните сојузници ќе инсистираме на изработка на конкретни договори кои би исклучиле какво било движење на НАТО на исток и разместување на оружени системи кои ни се закануваат од непосредна близина на руската територија“, кажа рускиот лидер.

Путиновата изјава доаѓа во време на тврдења на Киев и Западот за наводен план на Москва да изврши инвазија во Украина.

Руските власти возвраќаат на таквите тврдења со изразување загриженост поради јакнењето на силите на украинската војска во близина на истокот на Украина кој е под контрола на проруските бунтовници.

Путин вчера остро го предупреди НАТО да не распоредува војници и оружје во Украина, кажувајќи дека тоа е „црвената линија“ за Москва и дека ќе предизвика „силен одговор“.

Претходно министрите за надворешни работи на членките на НАТО ја предупредија Русија дека секој обид за дестабилизација на Украина би бил скапа грешка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе