На церемонијата на припојување

Путин: Киев да се врати на преговори, но за новите територии нема преговарање

Москва нема да разговара за одлуката на републиките во Донбас и на Херсон и Запорожје, рече рускиот претседател.

Фото: ЕПА

Москва е подготвена за разговори со Киев, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на потпишување на договорите за припојување на украинските области Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје кон Русија.

„Го повикуваме режимот во Киев да ги прекине сите непријателства, да ја запре војната што ја почна во 2014 година и да се врати на преговарачка маса“, рече тој, додавајќи дека, сепак, Москва нема да изврши „предавство“ кон териториите што сакаат да станат дел на Русија.

„Луѓето ја кажаа својата одлука. Јасно“, рече Путин.

Путин го повика Киев да се однесува „со почит“ кон „слободниот избор“ направен од луѓето од четирите територии.

„Тоа е единствениот начин за мир“, додаде тој, на церемонијата на која тукушто ги потпиша договорите за припојување на украинските области кон Русија.

Путин, исто така, рече дека Русија ќе ја брани својата територија користејќи ги сите расположливи средства и дека ќе направи „сè за да осигури безбедност на својот народ“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе