Путин им се закани на Макрон и Шолц: Испораката на оружје за Украина е опасна

Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц им рекол дека испораката на оружје за Украина е опасна, предупредувајќи „на ризиците од дополнително дестабилизирање на ситуацијата и влошување на хуманитарната криза", соопшти Кремљ.

EPA-EFE/SERGEY GUNEEV

Путин, исто така, рече дека е подготвен да бара начини за испорака на житарките заглавени во украинските пристаништа.

„Русија е подготвена да помогне во изнаоѓањето опции за непречен извоз на житарките, вклучително и извозот на украинското жито од црноморските пристаништа“, соопшти Кремљ.

„Зголемувањето на понудата на руски ѓубрива и земјоделски производи исто така ќе помогне да се намалат тензиите на глобалниот пазар на храна, што секако ќе бара укинување на релевантните санкции“.

„Посебно внимание беше посветено на преговорите меѓу Украина и Русија кои се замрзнати по вина на Киев. Претседателот Владимир Путин ја потврди отвореноста на руската страна за продолжување на дијалогот“, соопшти Кремљ.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEY GUNEEV

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе