Путин и Лукашенко се потсмеваа со Западот: „За сè е виновен Путин“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува денес дека ќе мора сериозно да поразговара со Западот кој го обвинува за економскиот хаос поради руско-украинската војна и се согласи со белорускиот колега Александар Лукашенко дека санкции ги поттикнале двете земји на самостоен развој.

EPA-EFE

Руската економија добро функционира и покрај западните санкции, кажа Путин во Сочи каде разговараше со Лукашенко кој претходно денес го обвини западот за „парчосување“ на Украина, а неговото министерство за одбрана најави дека ги проверува своето вооружување и опрема.

Санкциите на двете земји им дадоа поттик да се фокусираат на самостојниот развој, кажа Лукашенко и порача дека западните елити погрешно ги идентификуваат причините за своите економски неволји.

„Што се однесува до економиите, им благодарам (на западните земји) што му дадоа таков поттик на нашиот сопствен развој“, кажа Лукашенко.

Путин на тоа се насмевна и климна со глава.

„Тие навистина го потценија тоа читајќи ги сопствените медиуми. Добија инфлација, и вистина е: „Путин е виновен. Путин е виновен за сè“, кажа Лукашенко.

Путин се надоврза и иронично кажа: „Ќе мора со нив сериозно да поразговараме“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе