Путин и Ердоган ќе се сретнат следниот месец во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи состанок со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи на 5 август, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, пренесува Интерфакс.

Ердоган одигра клучна улога во договорот кој го потпишаа Русија и Украина во Истанбул минатата недела со кој се дозволува извозот на украинските житарки преку Црното Море. Ова е втора средба на двајцата лидери за еден месец.

Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Во тоа време главна тема беше Сирија, во која Анкара и Москва имаат различни интереси.

Во Сочи, покрај Сирија, на дневниот ред би требало да биде и Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе