Путин го смени Рогозин, Борисов е новиот директор на Роскосмос

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за разрешување на еден од неговите најблиски соработници Дмитриј Рогозин од функцијата директор на руската државна вселенска агенција Роскосмос и на негово место го постави поранешниот вицепремиер Јуриј Борисов.

Фото: ЕПА

„Разрешете го Рогозин Дмитриј Олегович од позицијата генерален директор на вселенската корпорација Роскосмос. Одредбата влегува во сила од денот на нејзиното потпишување“, стои во една од двете уредби. Со другата Борисов беше назначен за нов директор на Роскосмос.

Рогозин е на чело на Роскосмос од 24 мај 2018 година. Пред тоа ја извршуваше функцијата вицепремиер на Русија за воено-индустрискиот комплекс. Оваа позиција ја зазеде Борисов по назначувањето на Рогозин за шеф на Роскосмос.

Јуриј Борисов пред да биде именуван на функцијата вицепремиер беше заменик министер за одбрана од 2012 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе