Путин го обвини Западот: Своите грешки ги префрлаат на целиот свет

Групата земји БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) ги поддржа денес по виртуелниот самит со декларација разговорите меѓу Русија и Украина, објави Кремљ.

EPA-EFE

Русија се сврте кон партнерите од БРИКС за да ги замени трговските врски нарушени од западните санкции воведени поради инвазијата на Украина.

Путин денес повика на посилна соработка на земјите од БРИКС а го обвини Западот дека со санкциите предизвикува глобална криза.

„Само врз основа на искрена и обострано корисна соработка можеме да бараме излез од кризната ситуација која се разви во глобалната економија поради непромисленото и себично дејствување на одделни држави“, кажа Путин.

Рускиот претседател го обвини Западот дека „ги користи финансиските механизми за да ги префрли сопствените грешки во макроекономската политика врз целиот свет“.

Путин смета дека односите меѓу Русија и Кина се најдобри во историјата и најави стратегиско партнерство со Кина со цел спротивставување на влијанието на САД.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес ја критикуваше, како што кажа, злоупотребата на меѓународните санкции и ги повика Русија, Индија, Бразил и Јужноафриканската Република да ја преземат својата одговорност во светот.

„Нашиот денешен состанок доаѓа во клучен момент на избор за иднината на човештвото: како главни растечки пазари и земји кои се развиваат, членките на БРИКС мора да ја преземат својата одговорност“, кажа Си.

Според него, членките на БРИКС ја „зајакнале меѓусебната соработка и координацијата“.

„Мораме да го напуштиме менталитетот на Студената војна, да спречиме конфронтација и да се спротивставиме на едностраните санкции и злоупотребата на санкциите. Глобалниот економски систем останува сложен и долготраен процес, додека мирот и безбедноста стануваат сè поистакнати проблеми“, кажа кинескиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе