Му испрати телеграма на турскиот колега

Путин до Ердоган: Примете најдлабоко сочувство за човечките жртви и големото разурнување

Рускиот претседател Владимир Путин му испрати телеграма на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган изразувајќи сочувство поради жртвите на разорниот земјотрес во провинцијата Измир.

EPA-EFE

Како што пренесе руската агенција ТАСС, телеграмата е објавена на сајтот на Кремљ.

„Примете најдлабоко соучувство поради човечките жртви и големото разурнување предизвикани од силниот земјотрес во провинцијата Измир. Ве молиме да им пренесете зборови на сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на загинатите како и желби за што поскоро оздравување на сите погодени во оваа катастрофа“, наведе Путин во телеграмата.

Најмалку 17 лица загинаа, а над 700 се повредени во земјотресот кој денес ги погоди Турција и Грција.

Во Измир, третиот по големина турски град загинаа 15 лица, а над 500 се повредени, соопшти министерството за внатрешни работи на Турција.

На грчкиот остров Самос загинаа двајца тинејџери кога врз нив паднал ѕид од зграда која се урнала.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе