Путин: Да, ги напаѓаме украинските електроцентрали. Но, кој прв почна?

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека руската војска ќе продолжи да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура и покрај бранот критики од Западот поради напади кои оставија милиони Украинци без струја и вода на почетокот на зимата.

EPA-EFE

„Има многу галама за нашите напади на енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но, кој прв почна?“, кажа Путин денес во Кремљ. Истакна дека „критиките нема да ги попречат борбените мисии“.

Нападите на украинската енергетска инфраструктура рускиот претседател ги опиша како одговор за експлозијата на Кримскиот мост и други напади, обвинувајќи го Киев за прекин на далеководните кабли од нуклеарната централа Курск, но и за прекинот на снабдувањето на Доњецк со вода.

„Прекин на снабдувањето со вода на град со над милион жители е чин на геноцид“, кажа Путин, обвинувајќи го Западот за целосен молк за тоа. „Штом почнеме и направиме нешто како одговор, веднаш се крева галама“, истакна рускиот претседател.

Низа западни функционери нападите на украинската енергетска инфраструктура ги нарекоа воено злосторство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе