Според медиумските извештаи, вработениот во 5-от оддел на Федералната служба за безбедност на Русија Михаил Захаров извршил самоубиство во текот на работното време.
Москоу тајмс, повикувајќи се на извори од социјалната мрежа Телеграм, истакнува дека каналот кој ја објави веста за самоубиството на Захаров се смета за близок до безбедносните и разузнавачките агенции.
Државната агенција ТАСС потврди дека се случило самоубиство во ѕидините на Кремљ, но не е наведено име.
Се напоменува дека сопругата, со која Захаров наскоро требало да се разведе, не е известена за самоубиството.
Причина за самоубиството би можел да биде „рамнодушниот однос на раководството на ФСБ кон работните услови на вработениот и големото количество прекувремена работа“ – во една од последните смени Захаров бил на работа повеќе од 15 часа.
Според изјавите на колегите на починатиот, во службата има недостиг од персонал, па се принудени да работат многу повеќе и без надомест.
Возраста на лицето кое извршило самоубиство не е објавена, но според фотографиите објавени на Телеграм станува збор за млад човек.