Првпат во историјата повеќето Финци го поддржуваат влегувањето во НАТО

Првпат повеќето Финци сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО, според анкетата спроведена за финската јавна телевизија Јле.

Фото: ЕПА

Од 1.382 испитаници, 53 отсто рекле дека Финска треба да влезе во НАТО. 28 отсто од испитаниците биле против, додека 19 отсто биле неопределени.

Станува збор за репрезентативен примерок врз основа на возраста, местото на живеење и полот, а статистичката грешка на примерокот е 2,5 проценти, велат од компанијата што го спроведе истражувањето.

Анкетата почна на 23 февруари, ден пред руската инвазија на Украина, додава Јле.

Пред само две години, само 20 отсто од Финците го поддржуваа приемот на Финска во НАТО, покажува анкетата на најголемиот дневен весник Хелсингин саномат, додека според анкетата објавена пред две недели, бројот на поборниците за членство во НАТО се искачи на 43 отсто.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе