Од 1.382 испитаници, 53 отсто рекле дека Финска треба да влезе во НАТО. 28 отсто од испитаниците биле против, додека 19 отсто биле неопределени.
Станува збор за репрезентативен примерок врз основа на возраста, местото на живеење и полот, а статистичката грешка на примерокот е 2,5 проценти, велат од компанијата што го спроведе истражувањето.
Анкетата почна на 23 февруари, ден пред руската инвазија на Украина, додава Јле.
Пред само две години, само 20 отсто од Финците го поддржуваа приемот на Финска во НАТО, покажува анкетата на најголемиот дневен весник Хелсингин саномат, додека според анкетата објавена пред две недели, бројот на поборниците за членство во НАТО се искачи на 43 отсто.