Први официјални смртни случаи од ковид-19 во Кина по повеќе од една година

Две лица починаа како последица на ковид-19 во Кина, каде што последната смрт од оваа болест е забележана во јануари 2021 година, соопшти во саботата кинеската здравствена комисија.

Фото: ЕПА

Независни експерти се сомневаат во точноста на официјалните кинески податоци за бројот на заразени и смртни случаи, според кои последниот смртен случај од ковид-19 е забележан на 25 јануари 2021 година.

Кинеските власти неодамна забележаа рекордни нивоа на инфекција со коронавирус откако заврши првиот бран во Вухан на почетокот на 2020 година.

Речиси 4.000 нови случаи на зараза се пријавени во 16 кинески покраини, не сметајќи го Хонг Конг.

Бројките се сè уште релативно ниски во споредба со други земји, но поради кинеската политика на нулта толеранција кон коронавирусот, властите и на мали жаришта реагираат сериозно: со масовно тестирање, ограничување на транспортот и правила за карантин.

Неколку милиони кинески граѓани во моментов се во карантин, вклучително и градот Шензен и делови од Шангај, двата најважни економски центри во земјата. Затворени се и неколку делови од главниот град Пекинг со илјадници жители.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе