Прв кралски настан по повеќе од половина година

Во Бакингемската палата денес се одржа првиот кралски настан по повеќе од шест месеци.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт ги пречекаа украинскиот претседател и неговата сопруга.

Војводата и војвотката од Кембриџ ги поздравија Володимир Зеленски и неговата сопруга Oлена на краткиот состанок во име на кралицата Елизабета Втора. Двата пара не носеле маски, но не се ракувале и се држеле на растојание за време на разговорот на два одделни каучи, пренесува АП.

Бакингемската палата, централната резиденција на кралицата во Лондон и административниот центар на монархијата, не е користена за кралски настани од март, кога беше објавено дека земјата е затворена поради коронавирусот.

Зеленски и неговата сопруга се во дводневна посета и се очекува подоцна да се сретнат со премиерот Борис Џонсон и министерот за надворешни работи Доминик Рааб.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDY RAIN

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе