Протести во Русија за апсењето на Навални: уапсени над 2.600 лица, посебна бруталност во Владивосток (ВИДЕО)

Руската полиција денеска уапси повеќе од 2.600 демонстранти, кои на протестите низ целата земја бараа ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални од затвор.

Фото: ЕПА

Денешните протести во десетици руски градови, некаде и на температура од минус 50 Целзиусови степени, покажаа дека Навални, најголемиот противник на Кремљ, го проширил своето влијание надвор од политичките и културните центри на Москва и Санкт Петербург, вели Асошиејтед прес.

Невладината организација ОВД-инфо, специјализирана за политички апсења, соопшти дека властите денес уапсиле 2.662 лица во 90 града.

Руската полиција не го објави бројот на уапсените.

Се проценува дека повеќе десетици илјади луѓе се собрале во Москва на плоштадот Пушкин, каде што дојде до судири со полицијата, која, целосно опремена за сузбивање демонстрации, масовно апсеше луѓе.

Сепак, руската полиција објави дека се собрале околу 4.000 демонстранти, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

ТАСС пишува дека полицајците на теренот продолжуваат да предупредуваат дека собирот е недозволен и да ги апсат најактивните учесници.

Полицијата ги потисна демонстрантите од Пушкиновиот плоштад, според АП.

Меѓу приведените е и сопругата на рускиот опозициски лидер, Јулија Навалнаја.

Таа претходно на својот инстаграм-профил ја објави својата намера да протестира во Москва за својот сопруг, кој „никогаш не се предава“.

„Извинете за слабиот квалитет (на сликата), лошо е светлото во марица“, напиша таа иронично со селфи снимено во полициско комби, пренесе АФП.

Московската полиција изјави дека без одлагање ќе го задуши секој недозволлен собир.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјањин ги осуди „неприфатливите“ демонстрации среде пандемијата на коронавирусот.

Првите демонстрации се одржаа денес на рускиот Далечен исток и Сибир, каде што илјадници луѓе излегоа на улиците во Владивосток и Хабаровск, Новосибирск и Чита, а наспроти нив беа распоредени големи полициски сили, јавуваат приврзаниците на Навални.

Тие извикуваа „Слобода на Навални“ и „Слобода на политичките затвореници“.

Во Јакутск, јужно од поларниот круг, стотина демонстранти излегоа на протест против силниот студ од минус 50 Целзиусови степени.

Особено брутални апсења имаше во Владивосток, руско пристаниште во Пацификот, каде што полицијата во опрема за сузбивање демонстрации ги бркаше демонстрантите и ги тепаше со палки, пренесува агенцијата Франс прес.

Бидејќи властите не ги одобрија митинзите, демонстрантите низ цела Русија ризикуваат апсења и тужби.

Во пресрет на најавените демонстрации, беше уапсена портпаролката на Навални Кира Јармиш и осудена на девет дена затвор за повик за денешните протести.

Полицијата приведе и неколку соработници на Фондот за борба против корупцијата на чело со Навални.

Навални беше уапсен на аеродромот Шереметјево на 17 јануари по враќањето од лекување во Германија, како што е наведено, за кршење на правилата за условна казна.

Заменик-министерот за полиција, Александар Горовој, вчера изјави дека може да се направат обиди во Русија да се дестабилизира состојбата во земјата, како во Белорусија и Киргистан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе