„Интервјуто е крајно штетно“

Протест пред српски медиум поради интервју со сериски силувач (ВИДЕО)

Пред редакцијата на српскиот дневен весник Информер во Белград е организиран протест во организација на Женска солидарност поради интервју со сериски силувач.

EPA-EFE

Таквиот потег е оценет како навреда за жртвите која придонесува на релативизација на таквите злосторства, порачуваат учесниците на протестот, а пренесуваат српските медиуми.

По повод интервјуто со повеќекратниот извршител на кривични дела против половата слобода, кое ја вознемири српската јавност, комесарката за заштита на рамноправноста Бранкица Јанковиќ истакнува дека сензационалистичкиот пристап на ваквите теми е недозволив и крајно штетен, пренесува Б92.

„Ваквото интервју не служи на целта, бидејќи му недостигаат контекст, сензибилитет и избегнување на вознемирување на јавноста и излагање на жртвите на дополнителна виктимизација и патење“, наведе Јанковиќ.

Истакна дека медиумите треба на сеопфатен начин да пружат релевантни информации, да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди имајќи ја предвид, на прво место, заштитата на жртвите, а не да инспирираат на вонинституционално решавање на ова сложено прашање и земање на правдата во свои раце.

Српската Коалиција за слобода на медиумите (КЗСМ) соопшти денес дека најостро го осудува објавувањето и начинот на интервјуто во Информер со осудениот сериски силувач Игор Милошевиќ, кој тукушто излезе од затвор, истакнувајќи го како главен проблем тоа што Милошевиќ го опишува извршувањето на разни кривични дека, а и како тогаш се чувствувал.

КЗСМ смета дека е прекршен Кодексот на новинарите на Србија, бидејќи давањето медиумски простор на силувач на овој начин е недозволиво и нема никаков јавен интерес со кој може да се оправда ваквиот пристап.

Коалицијата додава дека етичкиот кодекс на новинарите, општествената одговорност и основната емпатија, наложуваат да бидеме солидарни со жртвите и да ги штитиме и почитуваме нивните права и достоинството.

Истакнува дека Кодексот обврзува дека новинарите мора да водат сметка за кредибилитетот на изворот, објективноста и за далекусежните последици на изговорените и напишаните зборови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе