Проруските власти во три региони во Украина прогласија победа на референдумот за спојување со Русија

Властите во три региони во Украина под руска контрола прогласија победа на референдумот за спојување со Русија.

EPA-EFE

Русија организираше референдум во четири окупирани региони, кој Киев, Западот и Обединетите нации не го признаваат и го прогласија за спротивен на меѓународното право и Повелбата на ОН.

Локалното гласачко тело во јужниот регион Запорожје соопшти дека 93,11 отсто од гласачите се одлучиле за руска анексија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Во Херсон властите соопштија дека 87,05 отсто од гласачите се одлучиле за припојување кон Русија откако завршило пребројувањето на гласовите.

Во источниот регион Луганск кој го контролираат проруските бунтовници, преброени се 91,2 отсто од гласовите, а над 98 отсто се за припојување кон Русија.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Луганск напиша на социјалната мрежа Телеграм дека е „јасно“ дека Луганск ќе се врати „во рускиот скут“.

Обединетите нации во меѓувреме соопштија дека се посветени на „украинскиот територијален интегритет во рамки на признатите граници“.

Десетици илјади жители избегаа од овие региони од почетокот на руската инвазија на Украина.

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бошенко, кој го напушти пристанишниот град откако Русите го зазедоа по повеќемесечната опсада, кажа дека само околу 20 отсто од околу 100.000 преостанати жители гласале на референдумот во Доњецк.

Украина и Западот оценија дека Кремљ веќе одлучил за резултатот на гласањето и дека ќе го користи како изговор за незаконско грабање земја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе