Проруските бунтовници се закануваат со смртни казни за странските борци

Проруските бунтовници се заканија дека ќе убијат тројца заробени странски борци кои се бореле на страната на Киев. Истрагите за двајца Британци и еден Мароканец се готови, соопшти портпаролот на кабинетот на бунтовничкиот обвинител.

EPA-EFE

„Над обвинетите може да се примени најстрогата казна – смртната, земјаќи го предвид военото право“, кажа портпаролот денес, а пренесува агенцијата Интерфакс. Случајот веќе им е предаден на судиите, додаде. Москва им се закани на странските борци со најстроги казни во случај на заробеништво. Нема да бидат сметани за војници, предупреди претходно портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.

Во Русија нема смртна казна, но таа е овозможена во проруските региони на истокот на Украина.

Таму се планираат и судењата на украинските борци од челичарницата Азовстал во Мариупол. Многумина од нив му припаѓаа на ултрадесничарскиот Азовски баталјон кој Русите го сметаат за неонацистички.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе