Прогноза на американски генерал: На Русија ѝ се заканува државен удар, нема да го поштедат ни Путин

Пензионираниот американски генерал Џек Кин предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се воздржи од ништо за да ја задржи власта, бидејќи е свесен дека ниеден евентуален наследник нема да му го поштеди животот.

EPA-EFE

Поранешниот американски генерал смета дека бројни соработници на Путин се крајно незадоволни од катастрофата која ја предизвикал нападот на Украина и дека би можело да дојде и до државен удар, и тоа баш сега, кога има гласини за здравјето на рускиот претседател.

„Рускиот диктатор е очаен, сака да ја задржи власта поради стравот дека некој од претендентите на неговото место би можел да го убие. Во политичката атмосфера која самиот ја создаде, во која не владеат ни институциите ни законите кои би го заштитиле, падот од тронот значи дека Путин би бил во сериозна опасност од воените и разузнавачките служби кои се гневни на него поради дебаклот во Украина“, кажа Кин за британски медиуми.

Додава дека примарната цел на Путин е да ја обнови руската империја и да биде доживотен претседател, а не да замине во пензија.

„Освен улогата на руски претседател, тој нема иднина“, смета американскиот генерал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе