Притворен поради критикување на претседателот: „Ова е можеби последното нешто што го пишувам“

Кинеските власти го притворија професорот Шу Чанрен, кој го критикуваше претседателот Си Џингпинг за неговото справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Шу, поранешен предавач и основач на социјалната кампања Движење на нови граѓани, е приведен од полицијата во саботата вечер додека се криел во домот на адвокатката во Гуангчоу, изјавија активистите Ји Ду и Хуа Зи за Гардијан.

Адвокатка Јанг Бин, нејзиниот сопруг и син исто така биле уапсени поради „криење криминалец“, но биле ослободени по 24 часа.

Наводно, Јанг објавила коментари на интернет, барајќи од службените лица да одговараат за смртта на докторот „свиркач“ Ли Венлианг, кој почина овој месец.

Шу на почетокот на овој месец објави есеј во кој го повикува кинескиот претседател да си даде оставка поради недостаток на способности да управува со Кина, повикувајќи се на кризата предизвикана од вирусот и лошото постапување во врска со про-демократските протести во Хонг Конг.

„Вие не го одобривте објавувањето на вистината, а избувнувањето на вирусот се претвори во национална катастрофа“, напиша Шу.

„Секогаш кога се соочувате со голема криза, немате идеја што да правите“, напиша Шу во текстот.

„Мислам дека не си злобен човек, едноставно не си мудар… Господине Си Џинпинг, те молам, повлечи се од власта“, додаде тој.

Тој исто така напиша дека есејот е „можеби последното нешто што го пишувам“.

Неговата критика уследи по смртта на докторот Ли Венлианг, кој се обидуваше да ги предупреди колегите за опасноста од вирусот, а неговите предупредувања кинеската влада ги казни. На крајот, Ли почина од болеста предизвикана од коронавирусот.

Пријателите на Шу изјавија дека тој бил во бегство од декември, откако властите упаднале на тајна средба на која присуствувале повеќе од 20 адвокати и активисти во југоисточниот град Сјамен, во провинцијата Фуџијан.

Притворот на Шу веројатно ќе заврши со долготраен затвор, бидејќи тој претходно бил во затвор, а властите имаат тенденција остро да ги казнуваат повеќекратните прекршители, наведува Гардијан.

„Ние сме многу песимистични, тоа сигурно нема да биде лесна казна со оглед на моменталната ситуација“, рече неговиот пријател и колега активист Хуа Зи.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе