„Мешање во прашањата на регионот со лоши намери“

Приштина: Русија се обидува да спречи договор меѓу Србија и Косово

Министерството за надворешни работи на Косово оцени денес дека Русија се меша во прашањата на регионот со лоши намери и дека од почетокот на дијалогот на Косово и Србија со своето дејствување секогаш се обидувала да спречи постигнување договор.

EPA-EFE

Косовското министерство во одговорот на постот на портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, оцени дека тоа не е првпат Русија да се меша во прашањата на регионот со лоши намери.

Захарова објави фотографија со натпис „Косово е Србија“, и додаде дека обидот за забрзување на нормализацијата на односите на Приштина и Белград е деструктивен.

„Секој обид за забрзување на таканаречената нормализација на односите на Белград и Приштина и арбитрарниот рок тоа да се постигне го сметаме за деструктивно. Поважно е да се координира план кој ќе биде и прифатен во јавноста“, напиша Захарова на Твитер.

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека тоа не е првпат Русите да се обидуваат да се мешаат за да го избледат западното а да го засилат руското влијание во регионот.

„Изградбата на „хуманитарната“ база во Ниш во близина на Косово, лансирањето на возот кој го спонзорира Русија за насилен влез на Косово, организација на инциденти на северот на државата од руски претставници вработени во Унмик и многу други акции, како и други јавни и нејавни дејствувања на различни меѓународни форуми јасно ја покажуваат руската тенденција да го попречува процесот на помирување и го нарушува мирот во регионот“, соопшти косовското министерство.

Захарова покрај дијалогот ја коментираше и ситуацијата на Косово по изборите на 14 февруари, а според неа Русија ја загрижува радикалната реторика која косовските Албанци ја користеле по победата на Самоопределување и очигледно очекува реакција на Западот на овие „провокации“.

Косовското министерство во соопштението ја потсети Русија дека сите албански партии на Косово имаат јасна прозападна и евроатлантска ориентација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе