Пеела „со подбив и омаловажување“

Пријава против Јосипа Лисац за изведувањето на химната на инаугурацијата на Милановиќ (ВИДЕО)

Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена пријава за нејзиното изведување на националната химна на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ.

Јосипа Лисац пред два дена, на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ја отпеа хрватската национална химна „Лијепа наша домовино“.

Поради изведбата на химната, пријава против познатата пејачка поднесе адвокатот Бошко Жупановиќ, пренесува Индекс.

Во пријавата се тврди дека Јосипа Лисац ја извела химната на Република Хрватска на „потсмешлив и омаловажувачки“ начин и со тоа го нарушила угледот на државата користејќи „потсмешливи артикулации и тоналитети“.

„Јас не сакам медиумско внимание. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е обично исмејување и дека не прилега за никаков настан, а камоли за инаугурација на избраниот хрватски претседател“, рече Жупановиќ за Индекс, додавајќи дека ова го смета за своја граѓанска должност.

Запрашан од Индекс врз основа на што, како адвокат, заклучил дека станува збор за исмејување, како и дали знае дека Јосипа Лисац секогаш така ги пее песните, Жупановиќ одговори дека ова е негова субјективна процена.

„Јас во пријавата истакнав дека нејзиниот музички опус е општо познат, но дека верувам дека химната не требаше да се изведува на тој начин. Ако Милановиќ знаел дека таа така ќе ја изведе химната, тогаш и тој погрешил“, одговори Жупановиќ.

Според Индекс, Жупановиќ е член на управните одбори на пет претпријатија, поседува еден локален портал, а во моментов е спортски директор на фудбалскиот клуб Копер во Словенија.

На неговиот профил на Фејсбук може да се најдат фотографии со поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, но и со Здравко Мамиќ, поранешен претседател на ФК Динамо Загреб, кој е во бегство.

Настапот на Јосипа предизвика гнев и кај дел од хрватската јавност, кој ја критикуваше на социјалните мрежи. Се огласи и самата пејачка.

„Сега ќе ви бидам најискрена. Ова е многу свечен момент. Честитки до претседателот Зоран Милановиќ. Мене ми беше страв. Морав да станам рано и тоа за мене е нешто страшно. Јас, која станувам околу 11 часот, можете да си замислите како ми беше. И гласот мора да биде во топ форма“, рече Јосипа Лисац за 24 часа.

„На некои луѓе нема да им се допадне тоа, но тоа е слободата. Треба да се сака својата земја, да бидеме слободни во неа, треба да се твори во неа. Да се сакаме себеси и сите околу нас“, рече Лисац.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе