Претседателот на Тунис ја распушти владата, го отпушти и премиерот (ВИДЕО)

Тунискиот претседател Каис Саид објави дека ја распушти владата и го замрзна парламентот и го отпушти премиерот Хикем Мечичи, по немирите поради „нефункционалниот" политички систем и распадот на здравствениот систем. Неговите противници го оценија потегот како „пуч" и повикаа на улични протести.

Screenshot

Во телевизиското обраќање тој вети дека ќе ја консолидира моќта и ќе ја „спаси“ земјата со помош на новиот премиер.

Претседателот Саид ги повлече потезите согласно член 80 од уставот, бидејќи Тунис се соочува со пикот на епидемијата на коронавирус и со длабока политичка криза што ја парализира земјата со месеци.

Претседателот на парламентот и лидер на „умерената“ исламистичка партија Енахда, Рахед Ганучи, се спротивставил на наредбата, но бил блокиран да влезе во парламентот.

Ганучи го оцени потегот на Саид како „државен удар против револуцијата и уставот“ и во видео порака до приврзаниците повика на улични протести.

Саид, сепак, ги предупреди своите политички противници да не поттикнуваат улично насилство, велејќи дека војската нема да се двоуми да употреби оружје за да се смират немирите ако станат смртоносни.

„Го предупредувам секој што ќе помисли да прибегне кон оружје... и секој кој ќе испука куршум, вооружените сили ќе одговорат со куршуми“, рече Саид.

Илјадници луѓе, претежно млади луѓе, излегоа на улиците на главниот град и другите поголеми градови во земјата, извикувајќи „надвор“, и покрај големата жештина и кршејќи ги санитарните мерки поради коронавирусот. Тие бараа распуштање на тунискиот парламент и предвремени избори.

Стотиците насобрани луѓе против владата потоа на улиците, навивајќи, удирајќи и пеејќи го прославија драстичниот потег, додека воени возила ги опколиле зградата на парламентот и државната телевизија.

Организатор на протестот одржан на 64-годишнината од прогласувањето на независноста на Тунис, е групата „Движење 25 јули“.

Безбедносни сили биле распоредени околу сите важни институции, полицијата фрлила солзавец на демонстрантите кои ја гаѓале полицијата, а неколкумина биле уапсени.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите имало и во градовите Набеул, Сус, Керуан, Сфакс и Тозеур.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе