Претседателот на Мексико бара отстранување на Статуата на слободата доколку САД го осудат Асанж

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор застана во одбрана на основачот на Викиликс Џулијан Асанж и побара од американските власти помилување. „Ако го однесат во САД и го осудат на максимална казна и умре во затвор, мора да започнеме кампања за отстранување на Статуата на слободата", предложи претседателот на Мексико.

Фото: ЕПА

Претседателот додаде дека за ова прашање ќе разговара со својот колега Џозеф Бајден при следната посета на Вашингтон на 12 јули, пишува „Ел Паис“.

„Да се осуди Асанж би значело дека споменикот во Њујорк повеќе не е симбол на слободата“, коментираше Лопез Обрадор.

Мексиканскиот претседател рече дека веќе разговарал за ова прашање со поранешниот претседател Доналд Трамп и дека му испратил писмо во кое барал да не биде прогонуван.

Викиликс стои зад масовното протекување на стотици илјади чувствителни документи на американската влада и дипломатски депеши, а неговите откритија потресоа неколку земји на почетокот на минатата деценија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе