Претседателот на Боцвана: Некои дипломати заразени со омикрон пристигнаа од Европа

Претседателот на Боцвана Мокгвееци Масиси во петокот рече дека некои од четворицата дипломати позитивни на варијантата омикрон на новиот коронавирус пристигнале од Европа и повика на укинување на одлуката за ограничување на патувањето од јужноафриканските земји воведени од страна на голем број земји.

Фото: ЕПА

Иако сè уште не е утврдено каде првпат се појавил омикронот, Јужноафриканската Република (ЈАР) објави дека открила нова варијанта на вирусот САРС-КоВ-2 на 25 ноември, а Боцвана го стори тоа еден ден подоцна, по што многу земји прибегнаа кон забрана за влез на патници од ЈАР и други јужноафрикански држави.

Јужна Африка се пожали дека е казнета за „научна извонредност“, истакнувајќи дека забраната за патување нема никаква научна основа.

„Ако ме прашувате мене, тоа е непотребно, да не речам неодговорно“, изјави Масиси за Си-ен-ен.

„Дипломати пристигнаа од голем број земји и поминаа низ неколку земји за да пристигнат во Боцвана“, додаде тој.

Некои од нив, рече тој, „пристигнаа од Европа“.

Масиси не сакаше да открие од кои земји дошле дипломатите или низ кои земји поминале бидејќи „вирусот никогаш не треба да се користи за геополитички цели“.

Досега во земјата се пријавени околу 20 случаи на зараза со новата варијанта.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе