Прес-конференцијата на Ле Пен прекината од демонстрантка која истакна фотографија од неа и Путин во срце (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен во еден момент била прекината откако жена од публиката подигнала плакат со фотографија на Ле Пен и Путин во форма на срце, пренесува Ле Монд.

Фото: Твитер

Станува збор за фотографија од средбата на Ле Пен и Путин од 2017 година во Париз за време на прес-конференцијата на кандидатот на Националното собрание.

Чуварите веднаш ја собориле демонстрантката на под и ја избркале од салата во која Ле Пен зборувала на повеќе актуелни теми.

Пред почетокот на конференцијата во Париз, демонстрантите ја пречекале Ле Пен пред зградата извикувајќи дека „Путин е убиец“ и дека „Ле Пен е Путинова соучесничка“. Противничката на Емануел Макрон отсекогаш ја поддржувала политиката на Путин, толку многу што во Европскиот парламент ја нарекле „Мадам Путин“.

На почетокот на прес-конференцијата Ле Пен рече дека нејзината намера е да ѝ го врати единственото место на Франција во светот, имајќи предвид дека „Франција е земја на христијанството, просветителството и хуманизмот“. Претседателската кандидатка потсети на зборовите на папата Јован Павле Втори, кој изјави дека Франција е „најстарата ќерка на црквата“.

Главните карактеристики на Франција, според зборовите на Марин Ле Пен се независноста, доследноста и еднаквата оддалеченост од сите земји и држави.

Како што вели, таа планира тоа да го обнови. Покрај тоа, таа изјави дека има намера да ја обнови „тајната дипломатија“ бидејќи смета дека таквата дипломатија е најефикасна, пренесува Ле Монд.

Ле Пен вели дека има намера повторно да го зајакне билатерализмот бидејќи верува дека е во сенка на мултилатерализмот. Таа нагласи дека не чувствува непријателство кон Германија и дека има намера да воспостави поцврсти билатерални односи со таа земја, иако интересите на двете земји се различни.

Билатерализмот е запоставен бидејќи се дава преголемо значење на европскиот проект“, изјави Марин Ле Пен.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе