Премиерот на Црна Гора и српскиот патријарх без најава потпишаа договор меѓу владата и СПЦ

Темелниот договор меѓу црногорската влада и Српската православна црква (СПЦ) беше потпишан денес во Подгорица, откако српскиот патријарх Порфирие без најава пристигна во главниот град на Црна Гора. Посетата на Порфирие на Подгорица не ја најавија официјално ни црногорската влада ни СПЦ.

EPA-EFE

Темелниот договор со СПЦ го оспоруваат дел од политичките партии во власта во Црна Гора, предводени од Демократската партија на социјалистите на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Тие најавија дека во случај на негово потпишување ќе ја урнат владата на Дритан Абазовиќ бидејќи сметаат дека со тој договор црногорското историско-културно наследство ѝ се припишува на СПЦ.

За време на потпишувањето на договорот пред црногорската вила Горица протестираа неколку десетици граѓани, а беше најавено дека во текот на денот протестите ќе бидат и помасовни, а во Подгорица беше забележано засилено присуство на полицијата.

На потпишувањето на документот, покрај Порфирие и Абазовиќ, присуствуваа митрополитот црногорско-приморски Јоаникие и црногорскиот министер за правда Марко Ковач. Претходно кабинетот на Абазовиќ ги одби сите приговори на текстот на Темелниот договор.

Противниците на договорот со СПЦ тврдат дека документот ја фаворизира СПЦ во однос на другите верски заедници, дека не е во согласност со уставот и законите на Црна Гора, дека во преамбулата се фалсификува црногорската историја и дека со него сопственоста над црковните објекти во Црна Гора официјално ѝ се припишува на СПЦ.

Државата Црна Гора од претходно има потпишано договори со Католичката црква, Исламската и Еврејската заедница. ДПС на Ѓукановиќ веднаш по објавување  на потпишувањето на Твитер најави дека ќе почне иницијатива за смена на владата и истакна дека новата идна власт ќе го поништи договорот со СПЦ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе