Пред точно една година талибанците им забранија на девојчињата да одат на училиште: „Трагично“

Обединетите нации денеска ги повикаа талибанците повторно да ги отворат средните училишта за девојчиња низ Авганистан, осудувајќи ја како „трагична и срамна" забраната која започна пред точно една година.

Фото: ЕПА

Неколку недели откако талибанците ја презедоа власта во август минатата година, тврдокорните исламисти повторно ги отворија средните училишта за момчиња на 18 септември 2021 година, но им забранија на средношколките да посетуваат настава.

Неколку месеци подоцна, на 23 март, Министерството за образование ги отвори средните училишта за девојчиња, но за неколку часа талибанското раководството нареди повторно да се затворат. Оттогаш, повеќе од милион тинејџерки се лишени од образование низ целата земја, објави Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА).

„Тоа е трагична, срамна годишнина што можеше комплетно да се избегне“, рече во изјавата Маркус Потцел, вршител на должноста шеф на УНАМА. „Тоа е длабоко штетно за генерации девојчиња и за иднината на самиот Авганистан“, рече тој, додавајќи дека таква забрана нема во светот.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика талибанците да ја укинат забраната. „Година на изгубено знаење и можности што никогаш нема да се врати назад“, напиша Гутереш на Твитер.

„На девојчињата местото им е на училиште. Талибанците мора да ги пуштат назад“, додаде тој.

Неколку талибански функционери велат дека забраната е само привремена, но тие понудија и низа оправдувања за нејзиното времетраење - од недостаток на средства до времето потребно за преуредување на наставната програма според исламските принципи.

Претходно овој месец, локалните медиуми го цитираа министерот за образование дека тоа е културолошки проблем, бидејќи многу рурални жители не сакаат нивните ќерки да одат на училиште.

Откако ја презедоа власта на 15 август минатата година, во услови на хаотично повлекување на странските сили, талибанците ветија помека верзија на својот суров исламистички режим кој владееше со Авганистан помеѓу 1996 и 2001 година.

Но, за неколку дена тие почнаа да наметнуваат строги ограничувања на девојчињата и жените за да се повинуваат на нивната строга визија за исламот, ефикасно истиснувајќи ги од јавниот живот. Покрај затворањето на средните училишта за девојки, талибанците им забранија на жените многу државни работни места и им наредија да се покриваат во јавноста, по можност со сеопфатна бурка.

Некои средни училишта за девојки останаа отворени во покраините оддалечени од централните бази на моќ Кабул и Кандахар поради притисокот од семејствата и племенските водачи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе